
Наставничката која ја организирала приредбата во училиштето во Челопек ќе понесе одговорност, најави Јаневска
Извештајот на Државниот просветен инспекторат за основното училиште во Челопек, каде се одржуваше приредба со ученици кои во еден дел од настанот носат униформи со амблеми на УЧК и пластични пушки, е готов. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска соопшти дека утврдени се неправилности, а одговорност ќе понесе една од наставничките која ја организирала приредбата.
Препорачано
-Тоа што е важно е дека во ова училиште и уште неколку други, каде што имавме пријава ќе спроведеме обука за соживот и за тоа ќе побараме поддршка од ОБСЕ – изјави Јаневска.
Минатата недела во основното училиште „7 Март“ во Челопек беше организирана приредба со ученици кои во еден дел од настанот носат униформи со амблеми на УЧК и пластични пушки. Министерката Јаневска реагираше дека ако целта на приредбата била да се шири патриотизам, тогаш тоа требало да се направи преку симболи на државата Македонија, а не преку симболи на неформални воени групации.
Таа истакна дека ваквите активности се педагошки неисправни, нечовечни и казниви по закон.
Ученици во Челопек парадирале со амблеми на неформални воени организации, Јаневска бара одговрност