Фото: pxhere.com

Насилник од Богданци се заканувал и му викнале полиција, која дома му нашла дрога и оружје

50-годишен жител на Богданци ќе одговара откако најпрвин му се заканувал на вработен на бензинска пумпа на граничниот премин „Богородица“, а кога тој повикал полиција, таа дома кај насилникот нашла дрога и пиштол со куршуми, како и пиротехника, соопшти МВР.

„ОВР Гевгелија поднесе една кривична пријава против Б.С.(50) од Богданци поради посотење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 09.09.2025 на бензинска пумпа во близина на Граничен премин Богодродица, пријавениот со остар предмет упатил закани кон Г.К.(46) од с.Прдејци. Подоцна, при претрес во неговиот дом во Богданци е пронајдена и одземена марихуана, предмети со остатоци од прашкаста материја, пиротехнички средства, пиштол „Екол“ 9мм и патрони за маневарска муниција“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот