Фото: Принтскрин, Анима Мунди

Насилниците кои фрлаа кучиња во река нема да одговараат, ОЈО Кавадарци ја отфрли кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Кавадарци ја отфрли кривичната пријава против две лица од селото Пепелиште кои се снимаа како фрлаат кучиња во реката Вардар.

Граѓанската иницијатива „Ние за благосостојба на животните/We for Animal Welfare“ поднесе кривична пријава против овие лица, наведувајќи дека „ваквите дејствија се крајно нехумани и се спротивни на природата и потребите на кучињата како вид, факт кој може да потврди и вешто лице од областа”, а воедно овие факти се и научно поткрепени со Кембричката декларација за свесност на животните, донесена на 7 јули 2012 година, како и член 2 од Законот за заштита и благосостојба на животните.

-ОЈО Кавадарци преку јавниот обвинител м-р Ненад Јосифов, без да побара мислење од вешто лице, ниту да ја консултира науката, сам ќе оцени дека кривичната пријава е неоснована, дека во случајот не станува збор за мачење животни и дека „нема место за јавнообвинителска интервенција“ – велат од граѓанската иницијатива.

Со непреземањето службени дејствија односно покренување на обвинение за сторено дело „Убивање и мачење животни“ од член 233 од КЗ, тие велат дека јавниот обвинител, несомнено, го одобрува ваквиот монструозен чин и го охрабрува повторувањето на ова дејствие.

Анима Мунди: Насилникот кој фрлаше кучиња во река живее во Данска, дали и таму би го сторил истото дело?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот