Фото: Pexels / Magda Ehlers

Нашите предци никогаш не саделе смоква во близина на куќата: Постои многу добра причина за сето тоа

Најдобри трикови и совети за одржување на смоквата, како и некои интересни народни верувања.

Многумина кои живеат во куќа со двор сакаат да ја разубават својата градина со садење растенија. Тие често избираат дрвја што обезбедуваат сенка во текот на жешките летни денови или овошни дрвја коишто ќе ги израдуваат со вкусните плодови.

Без оглед на вашата намера кога садите дрвја, важно е однапред да се консултирате со експерти. со тоа ќе дознаете дали имате соодветни услови за садење одредено дрво. Исто така, многу е важно добро да се информирате за видот дрво што планирате да го засадите, бидејќи некои дрвја не се пожелни во близина на куќата, затоа што можат да предизвикаат штета.

На пример, дали знаевте дека смоквите не се идеални за садење во близина на куќата? Смоквите имаат многу инвазивни корени кои растат и се шират со голема брзина. Корените на смоквите постојано бараат влага, лесно продираат во пукнатините и можат да стигнат до темелите на куќата, особено во повлажни подрачја.

Ова исто така може да создаде проблеми и со инфраструктурата, особено со подземните инсталации. Корените се обвиткуваат околу водоводните, канализациските и другите цевки, па дури можат да ги оштетат или продупчат овие инсталации. Ако прашате некого што имал проблем со смокви, веројатно би ви рекол дека колку подалеку од дома, толку подобро.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот