НАСА - Фото: Принтскрин/Јутјуб

НАСА ja одбра новата генерација астронаути од 8.000 пријавени кандидати: За прв пат има повеќе жени отколку мажи

Националната администрација за аеронаутика и вселена на САД (НАСА) претстави 10 нови астронаути, од кои шест се жени, а четворица се мажи. Меѓу нив се научници, инженери и тест пилоти избрани од повеќе од 8.000 кандидати, кои ќе помогнат во истражувањето на Месечината и потенцијално на Марс.

За прв пат во историјата на класата астронаути, бројот на жени го надмина бројот на мажи, пишува „Ен-би-си њуз“. Новите астронаути ќе поминат двегодишна обука пред да станат „подобни за вселенски лет“.

Вршителот на должноста администратор на НАСА, Шон Дафи, изјави дека една од нив би можела да стане првата личност што ќе стапне на Марс.

Новите астронаути, претставени за време на церемонија во вселенскиот центар Џонсон на НАСА во Хјустон, Тексас, ќе им се придружат на 41 активен астронаут во американскиот астронаутски корпус. Директорот за летачки операции на НАСА, Норм Најт, рече дека конкуренцијата е жестока, нарекувајќи ги новите кандидати „угледни“ и „исклучителни“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот