Фото Профимедиа

Направете природен сируп за искашлување, полесно ќе го исфрлите целиот шлајм

Ако имате проблем со искашлување, сирупот од лимон, мед и маслиново масло сигурно ќе ви помогне.

Многумина кога се болни имаат проблем со кашлање и искашлување, а овој рецепт може да ви помогне во тоа.

За да се ослободите од непријатниот шлајм (слуз што се исфрла од белите дробови со кашлање), се советува да ја консумирате оваа напивка двапати на ден.

Состојки:

– 2 лажици вода

– 2 лажици сок од лимон

– 2 лажици ладно, девствено маслиново масло

– поголема лажица мед

Подготовка:

Состојките сипете ги во стаклена тегла, па добро промешајте.

Смесата консумирајте ја наутро и навечер, а ако имате проблем со воспалено и болно грло, можете и да ја загреете и да ја пиете топла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот