
Направете го ова во вашата корпа за отпадоци и непријатните мириси ќе станат минато
Летниот период кој ни претстојат не само што носи сончеви денови и високи температури, туку и идеални услови за развој на бактерии и мувла, особено во кантите за отпадоци во домаќинството.
Препорачано
Високите температури го забрзуваат распаѓањето на остатоците од храна и со тоа предизвикуваат непријатни мириси кои лесно можат да привлечат муви, мравки, па дури и ларви. Токму затоа е важно редовно да се чисти и одржува кантата за отпадоци, бидејќи занемарувањето на оваа домашна задача може да доведе до поголеми хигиенски проблеми.
За среќа, одржувањето на вашата канта за отпадоци, чиста и свежа не мора да биде комплицирано или скапо. Експертот Џош Морис советува користење на вообичаени кујнски состојки за да се спречат непријатните мириси.
„Ставете кора од цитрусно овошје, како што е лимон или портокал, на дното од кантата пред да ставите нова ќеса за отпадоци. Природните масла од цитрус ги неутрализираат мирисите и делуваат како благ антисептик“, објаснува Џош.
Овој метод не само што го освежува просторот, туку и го забавува растот на бактериите и мувлата.
Друга предност на користењето кори од цитрусни овошја е нивната способност да ги одбиваат инсектите. Маслата од лимон и портокал делуваат како природен репелент против муви и мравки, што може да биде исклучително корисно во текот на летните месеци кога инсектите се најактивни. Оваа едноставна мерка може да спречи наезда од штетници и да ја намали потребата од агресивни хемиски агенси.
За темелно чистење на корпата, Џош препорачува мешавина од бел оцет и вода во сооднос 1:1. Овој раствор може да се стави во шише со распрскувач и да се користи за прскање на внатрешноста и надворешноста на корпата. Оцетот содржи оцетна киселина, која ефикасно ги отстранува бактериите, мувлата и тврдокорните дамки, а во исто време ги одбива инсектите благодарение на својот силен мирис. По прскањето, корпата може добро да се изриба и избрише.
Иако постојат различни комерцијални производи како што се таблети за чистење на корпи, апсорбирачи на мириси од јаглен или миризливи кеси за ѓубре, најефикасниот метод останува редовно празнење и непреполнување. Редовното изнесување на ѓубрето на секои неколку дена спречува скапување на храната и создавање непријатни мириси, со што се одржува хигиената на домот во исто време.