фото: EPA/MICHELE MARAVIGLIA

Наполи со Елиф Елмас ќе игра во Лигата на шампионите

Денеска италијанскиот фудбалски првак Наполи го објави официјалниот список со играчи на кои ќе смета тренерот Антонио Конте за лигашката фаза во Лигата на шампионите.

Меѓу нов е и повратникот во екипата, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој дојде во клубот во Неапол на позајмица од германскиот РБ Лајпциг. Нашиот играч ќе го носи дресот со број 20.

Составот на Наполи за Лигата на шампионите:

– Џузепе Амброзино, Сем Беукема, Алесандро Бунџорно, Никита Контини, Кевин де Брујне, Џовани Ди Лоренцо, Елиф Елмас, Били Гилмур, Мигел Гутиерез, Расмус Хојлунд, Ноа Ланг, Станислав Лоботка, Лоренцо Лука, Скот Мектомини, Алекс Мерет, Вања Милинковиќ-Савиќ, Давид Нерес, Жезус Хуан, Матијас Оливеира, Матео Политано, Амир Рахмани, Леонардо Спинацола, Антонио Вергара, Замбо Франк Ангиса.

Наполи во лигашкиот дел на ЛШ редоследно ќе игра против: Манчестер сити (гости), Спортинг (дома), ПСВ Ајндховен (гости), Ајнтрахт Франкфурт (дома), Карабах (дома), Бенфика (гости), ФК Копенхаген (гости) и Челси (дома).

Наполи со кратка порака го потврди враќањето на Елмас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!