фото: EPA-EFE/ASH ALLEN

Наполи постигна договор со Кевин Де Брујне

По 10 години на „Етихад“, белгискиот фудбалер Кевин Де Брујне го напушта Манчестер сити како слободен агент.

Познато е и каде 33-годишниот играч ќе ја продолжи својата професионална кариера. Новиот шампион во Серија А оваа сезона, Наполи постигна договор со Белгиецот.

Експертот за трансфери Фабрицио Романо открива дека Де Брујне ќе потпише тригодишен договор со клубот од Неапол.

Во првите две сезони ќе има плата од шест милиони евра годишно, а во третата пет милиони. Покрај тоа, Де Брујне ќе добие милион долари за потпишување на договорот. Според најавите, ќе заработи околу 27 милиони евра за три години во Наполи.

Имаше и понуди од американската МЛС лига и Саудиска Арабија, но реши да ја продолжи кариерата во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот