фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Наполи испрати понуда од 25 милиони евра за Скот Мектоминеј

Летниот преоден рок на фудбалскиот пазар е при крај и клубовите се обидуваат дополнително да го засилат тимот за новата сеозна. Еден од нив е и Наполи, кој покажа голем интерес за играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Скот Мектоминеј.

Како што пренесува познатиот новинар за трансфери Фабрицио Романо, членот на Серија А испрати понуда од 25.000.000 евра за шкотскиот репрезентативец.

Се нагласува дека раководството на „црвените ѓаволи“ не е задоволно со тоа и бара повеќе од 30 милиони евра.

Да потсетиме, Мектоминеј целата своја досегашна кариера ја помина во Јунајтед и практично секоја сезона беше важен дел од тимот.

Останува да видиме дали Наполи ќе ја зголеми понудата и со тоа ќе успее да се засили на крајот од преодниот рок. Тимот кој од клупата го предводи Антонио Конте досега ги доведе Алесандро Бонџорно, Давид Нерес, Рафа Марин и Леонардо Спинацола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот