Фото: Barbara Munker / AFP / Profimedia

Нападнал камп за бездомници со ЛАК И СТРЕЛА, полицијата го бара за ОБИД ЗА УБИСТВО

Двајца мажи кои престојувале во камп за бездомници во регионот на американскиот град Сан Франциско беа хоспитализирани овој викенд, откако полицијата откри дека биле нападнати со стрели, настан кој го смета за обид за убиство, пренесе Си-Ен-Ен.

Полицијата откри дека стрелите биле упатени кон двајца мажи и една жена, додека престојувале во кампот за бездомници во близина на Сан Франциско. Над двајцата се извршени хирушки зафати и се во стабилна состојба.

Осомничениот им е познат на жртвите, но се уште не е идентификуван. Тој ќе се соочи со двоен обид за убиство.

Сан Франциско е едно од многуте места во САД кое се соочува со значително зголемена бројка на бездомници поради растечките цени за изнајмување на станови, недостаток на здравствени сервиси, криза со опоиди и многу други фактори.

Минатата година, градоначалникот на Сан Франциско, Лондон Брид, најави директен план со цена од 181 милиони долари за решавање на проблемот со бездомниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот