Фото: Профимедиа

Напад на паника или срцев удар? Научете како да ги препознаете разликите во симптомите

Овие две состојби имаат сличности и понекогаш тешко да се разликуваат.

Што е срцев удар?

Тоа е состојба на најтешка компликација на атеросклероза на болестите на срцето во која целосното затнување на еден од големите крвни садови, кое го храни срцевиот мускул, настапува поголемо или помало изумирање на срцевите клетки со последователно намалување на функциите на срцето како пумпа. Најважниот субјективен знак што буди сомневање за настанување на срцев удар е силната болка во градниот кош што трае подолго од 20 минути или се засилува во интензитетот, според д-р Тамара Б. Хорвич, професор по медицина.

Ова се јасни знаци на инфаркт:

– Непријатно чувство во градите
– Болка во горниот дел на телото
– Чувство на товар во градите
– Забрзана работа на срцето
– Мачнина или студена пот
– Вртоглавица
– Симптоми слични на грип
– Бледо лице
– Чувство на „пропаѓање“

Според докторката, болката во градите е познат симптом за срцев удар, но не е секогаш присутен, особено кај жените. Иако се појавува и кај мажите и кај жените, почесто се појавува во подоцнежниот животен период во споредба со нападите на паника.

Симптомите на инфаркт траат околу 30 и повеќе минути, а ризични фактори се:

– Пушење
– Висок крвен притисок
– Холестерол
– Хроничен стрес
– Недоволна физичка активност

Што е напад на паника

До напад на паника доаѓа кога личноста доживува силен страв или непријатност која за неколку минути доаѓа до пикот, објаснува проф. Хорвич.
Може да го потикне стрес, како на пример, при важна презентација или по добивање отказ. Но, кај некои лица не постои јасна причина зошто го доживуваат.

Ова се симптомите на паничен напад:

– Болка во градите
– Срцебиење
– Потење
– Тешко дишење
– Страв од смрт
– Страв од губење контрола
– Вртоглавица
– Мачнина
– Трнење

Според проф. Хорвич, оваа состојба почесто се појавува кај жените на возраст помеѓу 18 и 25 години. Кај некои луѓе се случува само еднаш, додека кај други многу почесто. Понекогаш личноста што доживеала паничен напад постојано живее во страв од повторување на истиот.

Совети како можете да го скратите неговото траење или целосно да го спречите:

– Длабоко дишење
– Лесно вежбање
– Разговор со пријатели
– Медитација

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот