фото: EPA/DANIEL HAMBURY

Наоми Осака обезбеди пласман во второто коло на САД опен по победата над Грет Минен

Јапонската тенисерка Наоми Осака, поранешната шампионка на Отвореното првенство на САД, успешно го започна својот нов настап на грен слем во Њујорк.

Таа беше подобра од Белгијката Грете Минен со 2:0 во првото коло, во сетови 6:3, 6:4. Осака направи три брејка во првиот сет и беше доминантна, но еднаш го загуби и сервисот.

Во вториот сет ова ѝ се случи двапати и беше видливо потресена, или поточно, првенствено во психолошка криза. Сепак, овој пат успеа да ја надмине и да го доведе мечот до крај по 84 минути игра.

Следна противничка на Јапонката ќе биде Американката Хејли Баптист, која ја победи Чехинката Катерина Сињакова со 2:0 (7:5, 6:3).

Анастасија Захарова исто така се пласираше во следната рунда со победата над Ерменката Елина Аванесјан со резултат од 2:0 (6:3, 6:4).

Хрватката Дона Векиќ иако го загуби првиот сет (3:6) направи пресврт на мечот против Жесика Боузас Манеиро од Шпанија.

Во следното коло Векиќ ќе игра против третата носителка на турнирот, Американката Коко Коф која со 6:4, 6:7 и 7:5 ја елиминираше Алја Томљановиќ од Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот