Фото: ЈП „Градски паркинг“

Наместо со СМС, зонското на „Градски паркинг“ привремено се плаќа со „грепка“

ЈП „Градски паркинг“ го надградува системот за зонско паркирање, па како што информираат, поради тоа денеска граѓаните не можат да платат  за услугата преку СМС порака за паркирање, затоа што нивните пораки не можат да се процесираат до ЈП „Градски паркинг” – Скопје.

Од претпријатието ги замолуваат корисниците на зонско паркирање да го користат алтернативниот начин за наплата – со купување на греб – картички.

Оттаму посочуваат дека се работи на што побрзо ставање во функција на надградениот систем и оти јавноста ќе биде навремено информирана штом оваа услуга стане повторно достапна за граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот