
Највалканата работа во домот: Колку често треба да го менувате сунѓерот за миење садови?
Без разлика дали станува збор за миење на валкано тенџере или бришење на работна површина, многу луѓе користат кујнски сунѓер. Но, дали некогаш сте се запрашале колку често всушност треба да го менувате овој предмет?
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според студија од 2011 година на Националната фондација за санитација, сунѓерот за садови е предмет во домот со најмногу бактерии.
Кога истражувачите побарале од луѓе во 22 домаќинства да избришат 30 различни површини во своите домови, откриле дека 77 отсто од сунѓерите или крпите за миење садови содржат колиформни бактерии, семејство бактерии кое ги вклучува салмонелата и Е.коли. За споредба, само пет отсто од тоалетните школки имале колиформни бактерии.
„Најголемата заблуда идентификувана за време на студијата беше дека бањата е највалканото место во куќата, кога, всушност, кујната имаше најмногу бактерии“, напишаа истражувачите.
Како да исчистите кујнски сунѓер?
Постојат различни мислења за тоа дали да се користи валкан сунѓер и дали често се фрла. Можете да го продолжите животниот век на вашиот кујнски сунѓер со редовно чистење.
Џесика Ек, портпаролка на Американскиот институт за чистење, предлага сунѓерот да се потопи во раствор од еден литар вода и три лажици белило пет минути. Потоа оставете го сунѓерот да се исуши на воздух.