Instagram

Најубавата легенда за Црната кралица: Знаете ли како настанале Плитвичките езера?

Плитвичките езера, кои се наоѓаат во Хрватска се прогласени за танаа национален парк на 8 април 1949 година, а триесет години подоцна, на 26 октомври 1979 година, беа вклучени во списокот на светско природно наследство на УНЕСКО.

Овој раскошен планински регион со езера и локалитети, карстни топли извори, каскади и впечатливи водопади и изобилна флора и фауна е прошаран со мостови, патеки, уникатни приказни од геолошката историја, но и сè уште живи народни приказни, спомени и легенди.

Instagram

Во приказните, но и во имињата на езерата и локалитетите, живеат опасните чувари на Ѓаволската шума, вилите, Гаван, кој скрил богатство на дното на езеро, низа несреќници (Цигиновац, Батиновац, Милино, Милановац), па дури и цело стадо кози на кое му пресудила езерската вода (Козјак).

Имињата на езерата се менувале, приказните се заборавале, а потоа повторно се измислувале, но нема несогласувања за најважната легенда, онаа за настанувањето на Плитвичките езера. Сето тоа се случувало многу одамна, кога целиот тој регион бил погоден од страшна суша, на каква што никој жив не можел да се сети.

Intagram

Пресушил дури и изворот на Црна Река, кој никогаш не пресушува. Паѓале стебла, сувата земја се ронела во прав, а луѓето и животните умирале. Исцрпениот народ молел за спас.

Нивните молитви ги слушнала Црната кралица, добрата самовила од Велебит, и таа се спуштила од нејзините Велебитски дворови со самовилската свита и им ветила дожд. Долго врнело додека изворите на Црна и Бела река не се наполниле и се излеале во низа од шеснаесет езера.

Во знак на благодарност, луѓе и изградиле палати над езерото Козјак.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот