Најстарата џиновска панда во Јапонија пцовиса непосредно пред планираното враќање во Кина

Илустративна фотографија на панда / Фото: Alexey Maishev / Sputnik / Profimedia

Најстарата џиновска панда во Јапонија, Тан Тан, почина на 28-годишна возраст во зоолошката градина во Кобе, пред планираното враќање во Кина, кое беше одложено пред неколку години поради лекување, соопшти денеска управата на таа зоолошка градина.

Пандата Тан Тан била донесена од Кина во зоолошката градина Оџи во 2000 година со цел да се подобри репродуктивниот процес, наведува агенцијата „Кјодо“.

Пандата требаше да биде вратена во својата земја во јули 2020 година, но патувањето на Тан Тан во Кина беше одложено поради пандемијата на коронавирусот.


Во 2021 година, зоолошката градина објави дека Тан Тан прима лекови за срцева болест, а пандата, по дискусиите меѓу управата на зоолошката градина и кинеските претставници кои ја признаа потребата од медицински третман и ги признаа ризиците од транспорт на постаро животно, остана во Јапонија.

Не е сигурно колку долго живеат џиновските панди во дивината, но научниците се сигурни дека тие живеат пократко отколку во заробеништво. Некои примероци во зоолошките градини живееле подолго од 35 години. Апсолутен рекордер е женка по име Џиа Џиа од „Оушн парк“ во Хонг Конг, која почина на 38-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот