Најприврзаните раси на мачки, вистинско задоволство е да ги имате во домот

Фото: Pexels

Приврзаноста не е особина која често им ја припишуваме на мачките, иако тие можат навистина да бидат лојални како кучињата.

Секоја мачка има уникатен карактер, но одредени раси се одгледуваат за да бидат лојални придружници на нивните сопственици.

Ако барате мачка која е секогаш гушкачка и ќе биде во чекор со вас, можеби ќе ви се допадне една од овие седум пријателски раси препорачани од експерти.

Рагдол

Рагдол / Фото: Pexels / Pet foto

Мачките од расата рагдол се одлични миленици. Тие се многу приврзани за нивните сопственици и внимателно ги следат. Тие се согласуваат со деца и други животни.

Шкотски фолд

Шкотски фолд / Фото: Pexels / Thirdman

Иако се најпознати по своите уши, овие мачки се многу социјални и не сакаат да бидат сами. На овие мачки им се потребни сопствениците кои поголемиот дел од своето време ќе го поминуваат во нивното друштво.

Сфинкс

Сфинкс мачка / Фото: Pexels /

Сфинкс мачките се многу интелигентни и екстровертни. Тие ги обожаваат луѓето и сакаат секој момент да го поминуваат со своите сопственици.

Мејн кун

Мејн кун / Фото: Pexels / Thirdman

Овие мачки можеби изгледаат застрашувачки поради нивната големина, но тие се всушност многу пријателски расположени. Без разлика што прави нивното семејство. Ова се мачки кои треба да бидат вклучени во сè. Обожуваат луѓе од сите возрасти, а исто така се многу интелигентни.

Персиска мачка

Персиска мачка / Фото: Pexels / Nihal Karkala

Персиските мачки се една од најпопуларните раси ширум светот и јасно е зошто. Овие прекрасни мачки со долго влакно се смирени и многу приврзани кон нивните сопственици. Сакаат да се гушкаат и да се релаксираат со членовите на своето семејство.

Сијамска мачка

Сијамска мачка / Фото: Pexels / Анна Кухарчук

Сијамските мачки се многу социјални. Нивниот елегантен изглед, нежност и екстровертност ги прават омилени меѓу љубителите на мачки.

Бомбајска мачка

Бомбајска мачка / Фото: JazzyCatPhotos / Stockimo / Alamy / Alamy / Profimedia

Бомбајските мачки се идеални миленици доколку сакате постојано друштво во домот. Црното крзно и жолтите очи им даваат впечатлив изглед, а исто така се и многу разгалени и разиграни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот