
Најпознатиот сајт за храна: Македонската кујна е на 61. место од 100 најдобри во светот
Како што се наближува крајот на годината, многу светски веб-страници прават листи на најдобрите и најлошите нешта во 2023… Најдобра музика, храна, градови… – се сумираат впечатоците од годината на заминување.
Препорачано
Овојпат реномираниот гастрономскиот сајт „Тејст атлас“ (Taste Atlas) направи листа на 100-те најдобри кујни во светот, а може да се каже дека добро котира и македонската. Имено, македонската кујна се најде на 61. место од 100-те најдобри.
Врз основа на 395.205 (271.819) оценки на јадења и 115.660 (80.863 валидни) оценки на прехранбени производи од оваа кујна, тие ги забележале најдобрите просечни оценки за нивните најдобри јадења и производи. Ако 2 светски кујни имаат ист рејтинг, онаа со повисоко оценето јадење е повисоко рангирана на листата.
На прво место е италијанската, потоа јапонската, трета е грчката, потоа португалската, кинеската, индонезиската, мексиканската, француската е на осмото место, потоа шпанската, перуанската, индиската, бразилската, полската, аргентинската, турската, американската, тајландската, корејската, на 19. е хрватската, а српската е на 20. место. И хрватската и српската кујна имаат просечна оценка од 4,45, но славноскиот кулен е оценет со 4,6, а пиротскиот колбас со 4,5, па оттука и редоследот.
Босанците се на 27. место, Македонците се на 61., Словенците се 64-ти, Црногорците се на 80. место, Албанците се 91., а на последно место е храната од Гана.
„Тејст атлас“ исто така, препорачува што задолжително треба да пробате во Македонија – ајвар, пастрмајлија, тавче гравче, сарма, пинџур, зелник, таратур, селско месо, охридска пастрмка, ѓомлезе, полнети пиперки, лутенка, милиброд, компир манџа, качамак, симит погача, турлитава, ширден, малиџано, макало, мекици, слатко од диви смокви, охридска торта, ајдучка плескавица, крушевски локум, мазник…