
Истражување: Луѓето можат да живеат најмногу до 115 години
Ако сте загрижени колку брзо се приближувате до вашиот следен „голем“ роденден, имаме добри вести за вас, научниците тврдат дека ја откриле максималната возраст до која може да живее една личност и ако сè оди добро, ќе имаме уште многу добри години пред нас.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Статистичарите од Универзитетот Еразмус во Тилбург и Ротердам ги проучувале возрастите на кои починале 75.000 луѓе во Холандија, во период од 30 години до 2017 година.
Сепак, тие не се фокусирале на очекуваниот животен век. Наместо тоа, тие сакале да испитаат колку долго може да живее една личност ако се грижи за себе и ако нејзиниот живот не е прекинат од болест или други околности. Земајќи ја предвид возраста на луѓето во студијата кога починале, тие откриле дека просечниот животен век е околу 90 години, објавува „РТЦГ“.
Научниците велат дека е малку веројатно дека човекот ќе живее повеќе од 115 години, но откриле дека жените имаат малку подолг животен век од мажите. Иако максималниот животен век за жените бил 115,7 години, се проценува дека мажите би можеле да достигнат максимална возраст од 114,1 години.
Коментирајќи ги наодите од студијата, професорот Џон Аинмал, еден од тројцата научници кои ја спроведоа студијата, изјави за АФП:
„Во просек, луѓето сега живеат подолго. Секако, просечниот животен век е зголемен. Сепак, самата максимална горна граница не е променета.“
И покрај резултатите од оваа студија, Аинмал истакна дека има случаи во кои луѓето ги кршат нормите и живеат подолго од предложениот максимален животен век. Најстариот маж досега, потврден од Гинисовата книга на рекорди, бил Јапонецот Џироемон Кимура, кој живеел 116 години.