Илустрација/Фото: Freepik

Најнова студија: Човечката поврзаност со природата е намалeна за 60 отсто во последните 200 години

Истражувањето спроведено од професорот Мајлс Ричардсон од Универзитетот во Дерби сугерира дека луѓето се изложени на ризик од „исчезнување на искуството со природниот свет“ освен ако не се преземат нови мерки, објави „Гардијан“.

Компјутерските модели предвидуваат дека поврзаноста на луѓето со природата ќе продолжи да се намалува освен ако не се воведат различни политики и промени во однесувањето, како што се често носење на децата во природа и зелените површини во урбаните области.

Во студија објавена во списанието „Земја“, Ричардсон, исто така, укажа на губењето на концептите поврзани со природата од книгите помеѓу 1800 и 2020 година, со тренд што го достигна својот врв во 1990 година, но сега се забележуваат некои позитивни промени.

„Врската со природата сега е прифатена како клучна причина за еколошката криза“, вели научникот, додавајќи дека оваа врска е исто така од витално значење за нашето ментално здравје.

Според него, трансформацијата е потребна ако сакаме да го промениме односот на општеството со природата.

Како што истакна научникот, иако зголемувањето на зелените површини во градовите за 30 отсто изгледа како напредок, истражувањата покажуваат дека на еден град би му требало 10 пати повеќе зелени површини.

Според заклучоците од студијата, поефикасни мерки се подигање на свеста и поминување време со мали деца и семејствата во природа.

Истражувањата покажаа дека жителите на британскиот град Шефилд поминуваат просечно само четири минути и 36 секунди дневно во природна околина.

Ричардсон заклучи дека работата со родителите и децата да се фокусираат на поминување време во природа е клучна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот