Џек Пирс

Најмрачната тајна на мејкап индустријата се крие во вашиот несесер (ВИДЕО)

Секое утро малечката Поја Бурла се буди покрај својата баба на мали ткаени креветчиња во малата соба на нејзиниот семеен дом. На Поја воопшто не и пречи тоа што спие веднаш до малото стадо кози што нејзината фамилија го поседува, напротив таа смета дека тоа е забавно.

Понекогаш помага во чистењето на цементираниот под или пак во чување на нејзините двајца помали браќа, но најчесто таа станува рано наутро и со својот татко оди во рудникот.

Двајцата заедно одат по земјените патеки низ предградието на нивното мало село. Како светликави лебни трошки миката им го покажува патот. Тоа што започнува како сјај се претвора во големи сребрени шари како што се доближувате до рудниците. Кога ќе пристигнете веќе се гледа како деца извираат низ дупки од земјата со своите образи и облека покриена во светликава прашина.

Фотографија: Џек Пирс

Поја и нејзините пријатели, сите деца од околу пет години, го поминуваат остатокот од денот поминувајќи низ мали тунели направени од луѓе во насипи насекаде низ околината. Натоварени со секакви алатки тие внимателно влегуваат и излегуваат од дупките влечејќи ги камењата и влечејќи ја прашината надвор од рудникот. Децата во смени ги истураат своите кошници во рудиментарен детектор, што потоа разоткрива количина на мика – светликав минерал што се создавал под земјата стотици години.

Доколку има среќа Поја може да заработи од 20 до 30 рупии. Работата во рудникот не само што ја спречува да оди на училиште, туку ја изложува и на опасност малечката Поја, а и другите 20.000 деца кои работат низ рудниците. Нејзините раце се прекриени со исекотини и модрици, таа е свесна за сите опасности што можат да ја снајдат и често размислува на еден нејзин врсник кој починал скоро во еден рудник во близина на нејзиниот.

Резултат со слика за mica mines kumari family
Фотографија: Џек Пирс

Поја не знае каде оди миката и за што ја користат брокерите што ја купуваат, но знае дека е единствениот начин како да го прехрани своето семејство.

Евентуално ископаната суровина од страна на Поја и нејзините пријатели ќе биде купена од брокер кој го препродава на извозник, кој потоа пак го доставува до производителот најчесто во Кина.

Миката подоцна ја претвараат во фин бисерен пигмент, кој подоцна големите компании го купуваат за своите производи како сенка, кармин, бронзер и слично, да им даде светликав сјај.

Сите во синџирот на снабдување имаат големи придобивки од замаглување на потеклото на мика преку овој комплициран процес, затоа што ги задржуваат трошоците ниски со тоа што им дозволуваат на извозниците да ги есплоатираат луѓето што ја ископуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот