Фото: Јутјуб/Принтскрин

„Најмоќниот смртоносен поглед“: Принцезата Шарлот и принцот Џорџ станаа вирални

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот станаа вирални на ТикТок поради она што корисниците го опишуваат како „Најмоќниот смртоносен поглед досега“. Идниот крал и неговата сестра ја набљудуваа толпата додека се возеа во кочија на воената парада по повод роденденот на кралот Чарлс Трети. Кога се појавила Шарлот, се чинело дека му кажала на својот брат нешто што видела, пренесува „Индекс“.

Некои претпоставуваа дека забележале медиумски камери како го снимаат настанот, додека други пак, дека забележале демонстранти како држат транспаренти на кои пишувало „Не е мојот крал“, а кои се однесувале на нивниот дедо, кралот Чарлс Трети.

Без оглед на тоа што забележале, снимката станала вирална и собрала речиси 300.000 прегледи, со натпис:

„Само обичен момент во кочијата додека не погледнаа низ прозорецот“.

А други пак кометирале дека Шарлот личи премногу на својата баба:

„Нејзиниот изглед е исто како оној на Дијана“, „Принцезата Шарлот има неверојатна сличност со кралицата Елизабета Втора и принцезата Дијана“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот