Најмногу потписи засега собра Бујар Османи

Бујар Османи - министер за надворешни работи /Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

По првиот ден најмногу потписи собрал потпретседателот на ДУИ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, околу една третина од вкупно потребните потписи. Тој има 3.261 потпис.

Во македонскиот политички блок, на првиот ден за собирање потписи, најмногу има добиено лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски -1.594.

Професорката Ванковска од Левица има собрано 1.105 потписи, а досега градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски има собрано 658.

Бројките се според информација на ДИК, а ова е за територијата на цела Македонија, објави Канал5.

 

Тече рокот за собирање потписи за кандидати за претседател, досега во игра вкупно 13 имиња

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот