Најмистериозниот народ на светот: Никој не знае од каде точно потекнуваат, а нивните ритуали биле забранети со закон

аину народ
Аину народ / Фото: Принтскрин Јутјуб

Аину биле првиот народ од Источна Азија што ја населиле денешна Јапонија. Тие се една од најстарите етнички групи во светот. Она што е најинтересно е дека научниците всушност немаат точни податоци од каде потекнува овој народ.

Тие првпат се појавиле во Јапонија и Русија во 13 век п.н.е. Сè до 19 век, немале речиси никаков контакт со никој од другите етнички групи што постоеле во тоа време. Се верува дека тие се најстарата етничка група во Европа и Азија. Повеќе потсетуваат на Европејците отколку на Монголите, и затоа често биле предмет на дискриминација во Јапонија.

Аину народот
Аину народот / Фото: Принтскрин Јутјуб

Мажите со долга коса и долга брада, која никогаш не ја бричат. Жените пак, украсени со тетоважи уште од најрано детство – кога девојчето ќе наполнело 6 или 7 години, ја добива првата тетоважа над горната усна. Верувале дека овој ритуал ги штити девојчињата од зли духови кои се обидуваат да влезат во нив преку нивните усти.

Со возраста, таа тетоважа избледува, а кога ќе добиела одредена боја и форма,  се верува дека девојката е подготвена за брак. Најчестата тетоважа на Аину жените потсетува на денешната насмевка на Џокер. Во 19 век, јапонската влада ги забранила овие тетоважи, но некои продолжиле да ги прават во тајност, почитувајќи ја старата традиција на својот народ.

Аину народот / Фото: Принтскрин Јутјуб

Последната жена Аину со оваа тетоважа на лицето починала во 1998 година, а денешните Аину девојки ги цртаат со шминка за нивните празници. Другите тетоважи се најразлични геометриски форми, за кои се верува дека ги штитат девојките од болести и зли духови.

Од моментот кога се појавиле на јапонските острови, овој народ бил фокусиран на лов, риболов и берење овошје. Живееле во куќарки до 35 метри квадратни, во чиј центар секогаш имало камин. Многу зборови на јапонскиот јазик се земени
од јазикот Аину.

Аину народ
Аину народ / Фото: Принтскрин Јутјуб

Мечките отсекогаш играле главна улога во нивните животи и постојат многу верувања за ова животно кај народот Аину. Археолозите дури мислат дека со себе донеле мечки од островот Хокаидо.  Благодарение на народот Аину, се појавиле самураите во Јапонија.

Кога Јапонците се населиле на островите и формирале држава, народот Аину продолжил да живее во племиња.

Аину народ / Фото: Принтскрин Јутјуб

На крајот на деветнаесеттиот век, Јапонците почнале да населуваат пошироки области. Но, овој народ сè уште пружал отпор, си имале свои училишта и болници, своја земја, не плаќале даноци. Од друга страна, формирањето на државата донела забрана за поголемиот дел од ритуалите на народот Аину, па така овој народ полека почнал да го губи својот културен идентитет.

Сепак, во 2019 година, јапонската влада го прогласи Аину за домороден народ и повика на конечен крај на дискриминацијата против овој народ. Денес, народот Аину се обидува да го обнови својот културен идентитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот