Најмалку тројца загинати во поплавите во Ерменија и Грузија

Три лица загинаа во поплави предизвикани од обилни дождови и излевање на реки во Ерменија и Грузија, јавија регионални медиуми. Пристапот до селата е прекинат, а стотици жители се евакуирани од своите домови.

Како одговор на барањето од Ереван, руското Министерство за одбрана испраќа воен персонал за да помогне во справувањето со поплавите, се вели во пораката на Телеграм.

Министерството за внатрешни работи на Ерменија објави дека бројот на загинати се искачи на три во селата покрај реката Дебед, во близина на границата со Грузија. Стотици домови се поплавени, 230 спасувачи се испратени во областа.

Според грузиските медиуми, најмалку 15 села се отсечени од надворешниот свет поради обилните дождови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот