Најмалку 20 Палестинци загинаа во израелски воздушни напади во Рафах

Внатрешно раселените Палестинци заминуваат со своите работи по наредба за евакуација издадена од израелската армија, во Рафа/ЕПА

Најмалку 20 Палестинци беа убиени, а десетици ранети во израелските воздушни напади врз кампот за раселените жители на Појасот Газа во областа Рафах, изјави претставник на цивилната заштита за Ројтерс.

Канцеларијата на владата на Хамас зборуваше за најмалку 30 загинати.

Бројот на загинатите во кампот Тал Ал Султан се уште е неутврден, изјави друг лекар, додавајќи дека десетици се повредени во пожарот што следеше по гранатирањето, а жителите се уште се обидуваат да го изгаснат.

Засега нема коментар од Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот