Газа по израелските напади/Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Најмалку 16 лица загинаа во напади на Израелските одбранбени сили, четворица умреа од глад

Најмалку 16 Палестинци беа убиени денес во израелските напади низ Појасот Газа, додека десетици луѓе беа ранети, со што бројот на жртви достигна 71 во последните 24 часа, објави палестинското Министерство за здравство.

Во соопштението се додава дека уште четири лица, меѓу кои и две деца, починале од неухранетост и глад во енклавата, со што бројот на смртни случаи од таа причина од почетокот на војната во октомври 2023 година достигна 317 лица, меѓу кои и 121 дете.

Според лекарите, во јужна Газа, десетици Палестинци биле примени во болницата Насер во Кан Јунис со прострелни рани, предизвикани кога израелската армија пукала врз луѓе кои чекале храна во близина на центарот за дистрибуција на помош.

Пармедичарот Мохамед Сакер за Ројтерс изјави дека повеќето од пациентите биле примени со прострелни рани во горниот дел од телото и дека многумина се во критична состојба.

Израел ги негира бројките и во среда побара од глобалната организација што ги следи нивоата на неухранетост да ја повлече проценката во која се наведува дека жителите на градот Газа и околните области страдаат од неухранетост.

Израелската војска соопшти дека се подготвува за инвазија на Газа, и покрај предупредувањата од глобалните организации и продолжува да ги напаѓа „терористичките организации“ и инфраструктурата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот