Сафет Бишевац / Фото: Канал 5

Најкраткиот пат до ЕУ е Европа да ја донесеме дома, вели Сафет Бишевац

Поранешниот пратеник и новинар, Сафет Бишевац, вечерва во „Само вистина“ на „Канал 5“ рече дека најкраткиот пат до членство на земјава во Европската унија е „Европа да ја донесеме дома“.

„Во овој момент опозицијата „пука со празна пушка“. Мораме да разбереме дека без оглед на она што се случува околу нас, најважно е што самите ние ќе направиме за нас. Борбата со корупцијата не е спектакуларна, но е видлива. Трагедијата во Кочани нè присили на момент на пауза, но процесот на реформи во правосудството мора да продолжи. Огромниот број судии се нечесни, храбрите и чесните мора да се борат за статусот, нема поголема одговорност од тоа да делиш правда. Неопходна ни е силна економија, образование и здравство. Најкраткиот пат до ЕУ е Европа да ја донесеме дома“, рече Бишевац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот