
Најголемата мака на Маск – ботовите
Твитер напредува во војната против ботовите, но како ќе се справи со актуелните останува најголема препрека за милијардерот Маск
Извршниот директор на Твитер, Илон Маск, уште пред да дојде на оваа функција, постојано зборуваше за тоа како сака да ги отстрани ботовите од социјалната мрежа и дека тоа ќе му биде една од клучните задачи во компанијата.
Препорачано
Најновиот негов предизвик е токму против „крипто-ботовите“ на Твитер, кои креираат голем број на лажни профили кои „испукуваат“ разни информации околу криптовалутите на платформата. Маск на ова одговори дека „има изненадување за ботовите“, по што објави дека неговиот тим нашле неколку ИП адреси од каде таквите ботови се креирани.
The bots are in for a surprise tomorrow
— Elon Musk (@elonmusk) December 11, 2022
Тој најави дека Твитер ќе ги забрани таквите ботови, блокирајќи го нивното креирање. Но, ова нема да биде така лесно за милијардерот.
Ботовите на Твитер постојат од самиот почеток на социјалната мрежа. Таквите профили ги нарекуваат и „тролови“, кои обично немаат многу следбеници, а се служат за манипулација со вистинските корисници на социјалната мрежа, како и за ширење дезинформации и различни расистички и контроверзни содржини.
Иако политиките за ботовите на Маск, кои сега се подобрија, најпрво не се покажаа како квалитетни, бидејќи се зголеми бројот на лажни, но верифицирани профили (со политиката за плаќање на верификација на Твитер), во последно време имаат солиден напредок. Самиот Маск е свесен дека ваквата војна против ботовите ќе биде долга, иако тој постојано се шегува на нивна сметка, често алудирајќи дека тој победува во таа војна, што може да се каже дека навистина е така, барем засега.
— Elon Musk (@elonmusk) December 12, 2022
Маск се соочи со еден куп работа откако стана првиот човек на Твитер. Тој повторно влезе во судир со „Епл“, кој се закани дека ќе ја тргне апликацијата на Твитер од својот „Еп Стор“. Неговите политики околу верификацијата се постојано тема на критики од страна на корисниците.
Маск пред неколку дена ги повика ботовите на Твитер „да го нападнат“, што значи дека тој веројатно се смета за победник во оваа битка. И навистина работите изгледаат добро за Маск и Твитер.
Шибетоши Накамото, псевдоним на Били Маркус, ко-креатор на криптовалутата „Доџкоин“, на Твитер му врати на Маск, велејќи: „Направив една тест-објава и наместо да видам 50 одговори од ботови, видов само еден голем напредок“.
i made a test post and instead of seeing 50 bot replies i only saw one
much progress, very hype
— Shibetoshi Nakamoto (@BillyM2k) December 11, 2022
И други такви креатори на ботови решиле да го тестираат напредокот на Твитер, но сите нивни обиди биле неуспешни.
Засега може да се каже дека Маск победува, но не треба да се отпише секој следен „бум“ на ботовите. Твитер добро се справува со забраната на креирање нови „тролови“, но бришењето на оние веќе активни ќе биде долг, тежок процес, бидејќи нив ги има во милионски бројки.
I… honestly can't tell. Twitter *seems* to be marginally better to use lately, but no idea how to separate apart stuff Elon did vs crypto-winter vs my brain imagining changes that aren't actually there.
— vitalik.eth (@VitalikButerin) December 11, 2022