
Најгламурозната свадба на 90-те години: Се продавале касети од венчавката на Лепа Брена и Боба (ВИДЕО)
Пандемијата од коронавирусот накратко го запре светот. Сите бевме принудени да поминуваме време внатре во своите домови. Токму поради пандемијата беа откажани голем број на венчавки, а само малкумина покажаа храброст во овие тешки времиња и само пред матичното и кумовите го кажаа судбоносното „ДА“. Поради тоа сајтот Azra.ba одлучи да се присети на најгламурозната венчавка од 90-те. Големо внимание предизвика раскошната свадба на најголемата балканска ѕвезда Лепа Брена и славниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ. Токму поради нивната свадба дневник на тогашната телевизија Белград, имаше пренос во живо од венчавката која ја заобиколи цела поранешна Југославија.
Препорачано
Судбоносното „ДА“ го изговорија на 7 декември 1991 година во хотел Интерконтинентал, кој беше најлуксузниот во поранешната земја. Свадбената забава со холивудски гламур била испланирана до најситниот детаљ.
Брена прво носела син фустан за матично, а подоцна облекла бела венчаница која била специјално дизајнирана за неа од модната куќа „Диор“, додека младоженецот од бело одело се пресоблекол во црн смокинг. На луксузната свадба присуствувале голем број естрадни личности, пејачи, водители, актери, спортисти, а интересно е тоа што не бил повикан ниту еден политичар.
Свадбената торта била на 5 спрата, украсена со рекети кои можат да се јадат и грамофонски плочи, а на богатото мени имало голем број познати странски и домашни јадења. Бидермаерот на Брена го фатила пејачката Драгана Мирковиќ/ Освен преносот на телевизија, љубителите на овој пар можеле да купат и видео касета од нивната венчавка која била со наслов „Во името на љубовта, Брена и Боба“, а денес снимката од нивната свадба може да се најде и на Јутјуб каналот на Брена.