
Најдолгиот лет во светот ќе биде уште подолг и ќе трае дури 29 часа
Летот, кој треба да стане најдолгиот досега забележан, е закажан за 4 декември 2025 година. Ќе трае 29 часа и го подготвува кинеската авиокомпанија (Чајна Истерн Ерлајнс). Летот ќе ги поврзува Шангај и Буенос Аирес. Летот и патниците ќе имаат кратка пауза во Нов Зеланд, во Окленд. На планираната рута, авионот ќе помине повеќе од 20.000 километри, што е приближно половина од обемот на целата планета. Сепак, овој лет нема да ја обезбеди титулата најдолга директна рута за лет, бидејќи авионот ќе има двочасовен престој во Окленд, Нов Зеланд.
Препорачано
Сепак, според Бизнис Инсајдер, малку е веројатно дека патниците ќе можат да го напуштат авионот за време на престојот. Кинеската авиокомпанија ќе лета на таа рута двапати неделно, со широк труп „Boeing 777-300 ER“, објави авиокомпанијата, според извештајот на СиЕнЕн, пренесува РТС. Појдовниот лет, од меѓународниот аеродром Пудонг во Шангај до меѓународниот аеродром Министро Пистарини во главниот град на Аргентина, ќе трае 25 часа – четири часа помалку од повратниот лет. Еднонасочните билети за економска класа за летови во декември се рекламираат на веб-страницата на кинеската компанија за цена помеѓу 1.300 и 2.000 евра.
Билетите за бизнис класа чинат околу 4.000 евра. Многу авиокомпании често се повикуваат на титулата „најдолги“ летови во светот. Во моментов, „Сингапур Ерлајнс“ има најдолг директен комерцијален лет, кој работи помеѓу Сингапур и аеродромот ЏФК во Њујорк и трае помеѓу 18 и 19 часа, пренесува Данас.