фото: mtftennis.mk

Најдобрите македонски тенисерки ги дознаа ривалите во Втората Евроафриканска зона

Женската тениска репрезентација на Македонија од утре ќе ги стартува мечевите од Втората Евроафриканска зона што се играат во Вилнус, Литванија. На денешната ждрепка за ривали ги добивме Хрватска и Естонија во рамките од „А“ групата.

Вкупно 11 репрезентации се дел од ова натпреварување, а поделени се во три групи. Во групата „Б“ се селекциите на домаќинот Литванија, Босна и Херцеговина, Израел и Мароко, а во групата „Ц“ се Египет, Грузија, Косово и Малта.

За годинашниве мечеви за нашата репрезентација селекторот Димитар Лабудовиќ ги повика Лина Ѓорческа, Магдалена Стоилковска, Ива Данева, Ана Митевска и Теона Андова.

Првопласираните селекции од групите во „нова група“ ќе се борат за првите две места што значат промоција во Првата Евроафриканска зона, додека второпласираните и третопласираните истотака ќе формираат групи на „вторите“ и на „третите“ за пласман од четвртото до шестото место, односно за пласман од седмото до деветтото место.

Македонија в понеделник во првото коло ќе игра против Естонија, која е предводена од ветеранката Каја Канепи (226 место на ВТА листа). Македонија и Естонија имаат одиграно еден меч досега во 1996 година во рамките на Втората Евроафриканска зона во Израел и победа од 2:1 има постигнато Естонија. Почетокот на мечевите е во 12.00 часот по локално време или 11.00 по македонско време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот