фото: Ракометна федерација на Македонија

Најдобрите македонски ракометари на „Кроација куп“ против Хрватска и Израел

По скопскиот спектакл, македонската сениорска репрезентација ги продолжува подготовките за настапот на Светското првенство во Полска и Шведска (11-29 јануари 2023).

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во следниот период ќе играат во Пореч, на меѓународниот турнир „Кроација куп“ во Хрватска.

Домаќините веќе го најавија турнирот кој ќе се организира од 6 до 8 јануари, а на истиот ќе бидат и селекциите на Македонија и Израел.

Првиот дуел нашите ракометари ќе го имаат на 6 јануари со почеток од 20.15 часот против Хрватите, а во истиот термин на 7 јануари ќе ги одмерат силите и против Израелците.

По овој турнир, македонската репрезентација ќе се врати во Скопје каде што ќе ги има завршните подготовки пред да отпатува за Краков, Полска, каде што ќе ги игра мечевите од групната фаза редоследно против Норвешка, Холандија и Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот