Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Најдобрите македонски фудбалерки поразени од Летонија во квалификациите за ЕП 2025
Женската фудбалска А репрезентација на Македонија забележа пораз со 2:1 на домашен терен против селекцијата на Летонија во рамките на претпоследното коло од групата 2 (Лига Ц) од квалификациите за пласман на Европското првенство кое 2025 година ќе се одржи во Швајцарија.
Препорачано
Избраниците на селекторот Александар Андов не успеаjа по втор пат во овие квалификации да слават победа над противникот, кој одигра добар натпревар и заслужено забележа победа со гол во последните мигови од средбата.
Стрелец на првиот погодок на денешната средба беше Полуховича во последните моменти од првото полувреме, искористувајќи го максимално нашето невнимание во одбраната.
Голот за израмнување на резултатот го постигна Наташа Андонова со прекрасен удар од далечина во судиското продолжение. Шевчова со гол буквално во последната секунда од мечот ги постигна конечните 2:1 за селекцијата на Летонија.
Во првиот натпревар одигран помеѓу овие две селекции, Македонија на гости издвојува победа со 4:3.
Македонија: Кабакчи, Панеска, Николовска, Милчевска, Недева, Андреевска, Мустафа, Нацева, Марковска, Андонова, Максути. Селектор: Александар Андов.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5