Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра за полуфинале на турнирот во Словенија

фото: mtftennis.mk

Најдобрата македонска тенисерка денеска запиша нов триумф на турнирот во Оточец, Словенија, за пласман во четвртфиналето.

Во осминафиналната фаза Лина Ѓорческа убедливо со резултат 2:0 во сетови 6:3 и 6:2 ја елиминираше Лавиниа Танасие од Романија.

Ѓорческа која е седма носителка на турнирот за влез во полуфиналето ќе игра против победничката од мечот Ирина Бара (Романија, 1 носителка) – Гијомар Маристани Зулета Де Реалес (Шпанија, 14 носителка).

Нашата тенисерка во Оточец настапува и во двојки, заедно со Деа Хердзелас од Босна и Херцеговина ќе играат против Романките Илинка Далина Амариеи и Кристина Дину за пласман во полуфиналето.

Претходно на стартот Ѓорческа и Хердзеланс ги елиминираа Г. Маристани и Паула Ариас Мањон од Шпанија со 2:1 во сетови 6:1, 6:7 (7) и 10:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот