Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Најдобра на светот трипати по ред, но одбива споредба со Меси
Шпанската фудбалерка Ајтана Бонмати по третпат по ред ја освои „Златната топка“, но истакна дека не сака споредби со легендарниот Лионел Меси.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Минатиот понеделник 27-годишната ѕвезда на Барселона ја освои престижната награда пред Алесија Русо (Арсенал) и Мариона Калдентеј. Со тоа стана рекордерка меѓу фудбалерките, пред својата сонародничка Алексја Путељас која има две признанија (2021, 2022).
„Се обидувам да не се споредувам со никого. Меси имаше и сè уште има кариера што за мене е ненадминлива. Јас сум Ајтана, имам свој пат. Не размислувам за осум, ниту за четири трофеи“, изјави Бонмати за ESPN.
Таа нагласува дека успехот е резултат на секојдневна работа, истрајност и жртвување, а не конечна цел. Минатата сезона одигра 58 натпревари за Барселона и Шпанија, со учинок од 21 гол и 15 асистенции, настапи и во финалето на Лигата на шампионите и на Европското првенство.
„Секоја Златна топка е посебна. Оваа година беше најнеизвесна, дури не подготвив ни говор бидејќи имав минимални очекувања. Кога бев мала, едноставно играв затоа што го сакав фудбалот. Никогаш не мислев дека ќе дојдам до три вакви награди“, додаде Бонмати.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
48мин
-
57мин
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5