profimedia

Најчести мисли во женските глави кои ја уништуваат љубовната врска

Мажите постојано истакнуваат дека жените сакаат сѐ да комплицираат, а француските психолози потврдиле дека предрасудите кај дамите во голема мера предизвикуваат проблеми во љубовната врска.

Наместо да се опуштат и да уживаат со партнерот, поголемиот дел од претставничките на понежниот пол го анализираат секој негов чекор и главно донесуваат погрешени заклучоци, кои пак доведуваат до караници и обострано незадоволство.

Во продолжение следуваат 3-те најчести мисли во женските глави што имаат моќ да ја уништат љубовната врска.

1. Ако покажам дека секам сериозна врска и брак, ќе помисли дека сум очајна и тоа ќе го оддалечи

Истражувањето покажало дека дури 73% од мажите сакаат кога жената ќе ја преземе иницијативата во врската. Доколку се обидувате да оставите впечаток дека не ви е премногу грижа за партнерот, тој може да помисли дека тоа е навистина така, и на крај вие ќе бидете оштетени. Ако покажете дека сакате љубов, партнерот ќе ве почитува во таа смисла и јасно ќе ви покаже дали ќе може да ви ја даде.

2. Сите мажи се лоши, нема заштитници, ниту џентлемени

Ова е типично погрешно размислување на современите дами кои себеси се доживуваат како романтични принцези, но психолозите сметаат дека зад таквите изјави се крие страв од врзување. Со ваквиот страв ги „бркате“ потенцијалните партнери.

3. Мажите сакаат само убави девојки

Ова навистина не е точно, а убавината е релативна работа. Поголемиот дел од мажите за сериозна врска или брак бараат жена која ќе им одговара по карактерот, па често го занемаруваат изгледот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот