
Најбогатиот Индиец нема да зема плата додека неговата компанија не се избори со финансиските проблеми
Најбогатиот Индиец, Мукеш Амбани најави дека нема да ја зема својата месечна плата се додека неговата компанија „Ријаланс индастриз” – конгломерат кој се занимава со преработка на нафта, производна дејност и телекомуникациски услуги – не се избори со финансиските проблеми предизвикани од пандемијата на новиот коронавирус.
Препорачано
Амбани ја објави таквата одлука откако компанијата соопшти дека, во споредба со истиот период минатата година, нејзината нето добивка во првиот квартал оваа година е намалена за повеќе од 37 отсто, на 850 милиони долари.
Според списанието „Форбс”, Амбани располага со богатство од 53,4 милијарди долари, а компанијата тврди дека, од финансиската криза во 2008 година, платата му е ограничена на два милиона долари.
– Тој сега ќе се откаже од платата додека компанијата и сите нејзини дејности целосно не го вратат својот потенцијал за стекнување заработувачка, се наведува во соопштението на „Ријаланс индастриз”.
Според агенцијата „Блумберг”, компанијата, исто така, ќе ги намали платите за десет отсто на сите вработени, кои заработуваат над 20.000 долари годишно.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
8мин
-
17мин
-
34мин
-
38мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5