Шамсуд Дин Џабар и Метју Ливелсбергер се извршители на нападите во Њу Орлеанс и Лас Вегас/Фото: Икс

Напаѓачот од Орлеанс и возачот на „сајбертак“ во Лас Вегас служеле во истата воена база

Излегоа на виделина нови информации кои го поткрепуваат сценариото дека 42-годишниот кој возејќи уби 15 луѓе во Њу Орлеанс неколку часа по новата година е поврзан преку војската со човекот кој возел „тесла сајбертрак“ кој експлодирал пред хотел во сопственост на Трамп во Лас Вегас.

Како што објави Еј-би-си, двајцата мажи служеле во иста воена база.

Американските медиуми објавија дека човекот кој возел „сајбертрак“ од хотелот во Лас Вегас е 37-годишниот Метју Ливелсбергер, кој наводно потекнува од Колорадо.

Се потсетува дека Шамсуд Дин Џабар, извршителот на нападот во Њу Орлеанс, имаше стаж од речиси една деценија во американските вооружени сили, на позиции поврзани со технологијата, но и мисија во Авганистан од март 2007 година до јануари 2015 година првично како специјалист за човечки ресурси, а потоа и како специјалист за информатичка технологија.

Од февруари 2009 година до јануари 2010 година служел во Авганистан. Тој остана во Армијата како резервист специјализиран за технологија од јули 2020 година и го достигна чинот наредник.

Во август 2004 година, тој се пријавил во американската морнарица, но бил отпуштен еден месец подоцна без да отиде во камп за подигање. Портпаролот на морнарицата изјави за Си-ен-ен дека Џабар се пријавил во Програмата за одложен влез од каде може да се поднесе оставка во секое време без последици.

Претходно денеска, Ен-би-си објави дека американските безбедносни власти разгледуваат „можна воена врска“ меѓу 42-годишникот во Њу Орлеанс и возачот на „Тесла“ убиен во експлозијата во Лас Вегас.

Во ист контекст се смета и фактот што двајцата ги изнајмиле двете возила што ги користеле – бело комбе и „сајбертрак“ – преку истата апликација Туро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот