Автобус на ЈСП /Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Нафта за автобусите на ЈСП има само уште за денеска?

Според извори од ЈСП, најава за прекин на движењето на автобусите на ЈСП заега нема. Изворите посочуваат дека вчера попладне пристигнале околу 20 тони нафта, по десет во двете авто бази кои, како што велат, биле доволни за вчера и за денеска.

Засега не е закажана седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз во главниот град. Според извори од ЈСП, најава за прекин на работењето нема и нафта за автобусите е пристигната вчера во двете бази, која, како што велат, била доволна за вчера и ќе биде доволна за денеска.

Независниот член на Советот  и ексзаменик градоначалник на Скопје, Александар Трајановски, за МИА потврди дека досега не е закажана итна седница на Советот за проблемот.

„Засега не е повикана седница, ниту од страна на град Скопје ниту од советниците. Дополнителна осакатеност е тоа што Советот… по преминувањето на Трајко Славески нема претседател на Советот и на секоја седница индивидуално се назначува претседател на Советот. Засега седница не е закажана, особено не за точката за која ме прашувате“, изјави Трајановски за МИА.

Според извори од ЈСП, најава за прекин на движењето на автобусите на ЈСП заега нема. Изворите посочуваат дека вчера попладне пристигнале околу 20 тони нафта, по десет во двете авто бази кои, како што велат, биле доволни за вчера и за денеска.

Град Скопје во соопштение од медиумите вчера реагираше дека „Пуцко петрол“ ја прекинал испораката на нафта иако, како што велат, има активен договор со ЈСП.

„Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од ‘Пуцко петрол’ се приклучува на обидите за креирање хаос во Скопје. Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Асмир Јахоски од ‘Пуцко петрол’, соочен со обвиненија затворска казна и подложен на уцени, иако има активен договор за испорака на нафта, ја прекина доставата“, соопшти Град Скопје.

Од Град Скопје, меѓу другото, најавуваат дека за Асмир Јахоски и за „Пуцко петрол“ ќе се покрене соодветна постапка за материјална и кривична одговорност кои произлегуваат како последица од непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта, со што имаат цел автобусите на ЈСП да престанат да сообраќаат.

Извор: МИА

„Пуцко петрол“: ЈСП ја префрла вината врз нас, а должи над 10 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот