
Надал загуби сет, но се пласира во четвртото коло на Австралија Опен
Рафаел Надал обезбеди пласман во четвртото коло откако за неполни три часа го победи Карен Качанов со 3:1 во сетови и тоа 6:3,6:2,3:6,6:1.
Ова воедно беше прв меч на Надал во Мелбурн на кој загуби сет, но и покрај тоа прикажа доминантна игра против рускиот тенисер.
Препорачано
Во првиот сет на Надал му беше доволен еден брејк за да поведе со 1:0. Во вториот сет Шпанецот беше уште подобар, направи брејк уште во првиот гем, а потоа уште еден за водство од 4:1 што значеше и 2:0 во сетови.
Русинот се разигра во третиот сет, беше поагресивен на сервис на Надал и таквата игра му вроди со плод во четвртиот гем и намали на 2:1 во сетови.
Загубата на сетот го налути Надал во наредниот сет направи два брејка и на доминантен начин со совлада Качанов.
Убедлив настап во третото коло имаше и вториот носител Александер Зверев кој во три сета и тоа со 6:3,6:4,6:4 го победи Албот и си закажа пресметка во четвртото коло со Денис Шаповалов кој со 3:1 во сетови го победи Рејли Опелка.
Маратонски меч кој траеше 250 минути одиграа Матео Беретини и Пабло Алкараз. На крајот славеше Беретини во пет сета 6:2,7:6,4:6,2:6,7:6
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
51мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5