Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Над 10.000 активни случаи на КОВИД-19

Болниците во Тетово и Гостивар се преоптоварени, а секој пациент на кој што му е потребно болничко место, по претходна најава се праќа во Скопје. Болничките капацитети се делумно оптоварени и во Кичево и Струга.

Бројот на активни случаи на КОВИД-19 во земјавa изнесува 10.380, од кои над половина или 5.562 се регистрирани само во последните пет дена. Една третина од активните случаи се во Скопје – 3.421, додека над 64 проценти се само во три града – Скопје, Тетово и Гостивар.

Болниците во Тетово и Гостивар се преоптоварени, а секој пациент на кој што му е потребно болничко место, по претходна најава се праќа во Скопје. Болничките капацитети се делумно оптоварени и во Кичево и Струга.

Граѓаните мора да знаат дека додека сите не се вакцинираме, ова нема да престане и тоа е единствениот спас, укажа вчера министерот за здрваство Венко Филипче, и ги повика граѓаните да се вакцинираат, повторувајќи дека вакцини има од сите типови и во доволно количини.

-Има јасни меѓународни препораки од релевантни институции дека природниот имунитет по прележување на болеста со тек на време се намалува, а  вакциналниот имунитет е потраен. Сите препораки укажуваат за што пократко време луѓето да се имунизираат. Така ќе се зголеми степенот на вакцинација и ќе се постигне колективен имунитет. Треба да спречиме следни бранови, ова мора да го прекинеме, изјави Филипче.

Над 650 илјади граѓани досега примиле барем една доза вакцина, а поради зголемениот интерес за вакцинирање, од следната недела повторно се отвора пунктот во спортскиот центар „Борис Трајковски”.

-Тоа ќе биде малата сала, не големата, и ќе има 20-ина места каде што ќе може да се спроведе вакцинација. Верувам дека тоа ќе ги растовари метежите и редиците што ги имаме пред здравствените домови, порача Филипче.

Според податоците од Министерството за здравство, во претходното деноноќие биле регистрирани 1.250 нови случаи на КОВИД-19, а пријавени се 22 починати лица, на 20 август – 1.074 новозаболени и 22 починати, на 19 август – 1.158 новозабилени и 19 починати, на 18 август 1.081 новозаболени и 15 починати и на 17 август 999 новозаболени и 14 починати.

Само во периодот од 17 до 21 август починати се вкупно 94 лица, додека последен пат без починат пациент е 3 август.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:  Скопје – 3421 активен случај, потоа следат Тетово – 1.754, Гостивар – 1.518, Куманово – 656, Кичево – 524, Струмица – 481, Струга – 308, Охрид – 284, Битола – 187, Дебар – 173, Прилеп – 141, Штип – 109, Велес – 107, Кавадарци – 102, Кочани – 88, Ресен – 83, Радовиш – 61, Свети Николе и Берово – по 52, Гевгелија – 40, Македонски Брод – 37, Валандово – 35, Кратово – 34, Виница – 33, Делчево – 22, Пробиштип – 13, Богданци – 12, Крива Паланка и Пехчево – по 10, Неготино – девет, Демир Хисар – осум, Крушево – шест, Македонска Каменица – пет, Демир Капија – три и Дојран – два активни случаи.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 167.991, бројката на оздравени пациенти е 151.957, на починати е 5.654, а бројот на активни случаи изнесува 10.380. Досега во земјата се направени вкупно 1.101.838 тестирања на Ковид-19.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот