
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ѝ подари 125 книжевни наслови на Агенцијата за иселеништво
Во рамки на предвидените активности од официјалната владина програма за одбележување на 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје ѝ подари 125 наслови (264 примероци) помеѓу кои и Правописот, на Агенцијата за иселеништво, за потребите на летната школа за учење на македонскиот јазик во Охрид, како и за училиштата и литературните друштва во иселеништво.
Препорачано
Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, во знак на благодарност ѝ подари на Библиотеката икона од Св. Климент Охридски, а директорот на Библиотеката, Јовица Никчевски, библиотечниот фонд на Агенцијата за иселеништво го збогати со новоиздадената монографија „Национална и универзитетската библиотека ’Св. Климент Охридски‘ – Скопје, Ризница на знаењето – чувар на наследството“.