Фото: Општина Аеродром

На влезот во Лисиче ќе се прави нов парк

Аеродром ќе добие нов парк лоциран на влезот во Лисиче, соопштија денеска од Општината.

Оттаму информираат дека  изведбата на новиот парк лоциран на влезот на населбата Лисиче, покрај булеварот Февруарски поход, започна денеска на почетокот на пролетта и како што најавуваат до крајот на следниот месец Аеродром ќе добие нов простор кој ќе биде целосно уреден со зеленило и урбана опрема и каде ќе биде поставено македонското знаме.

Градоначалникот Тимчо Муцунски на фејсбук истакна дека Јавното претпријатие за комунални дејности и Општина Аеродром целосно ги изведуваат работите за уредување на оваа површина, што за граѓаните кои живеат во овој дел од општината ќе претставува ново зелено катче.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот