На УКИМ ќе бидат доделени награди за најуспешните студенти

Најдобрите студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе бидат наградени за постигнатиот успех во учебната 2021/2022 година.

Воедно, ќе биде врачена и наградата „26 Јули“ за учебната 2021/2022 година, што ја доделува Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија на редовни студенти од завршниот семестар во прв циклус студии кои покажуваат особени резултати во студиите, со просечен успех остварен во текот на студирањето од најмалку 8.00.

Студентите добитници на наградата „26 Јули“ се од Архитектонскиот, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Филозофскиот, Економскиот, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и од Факултетот за драмски уметности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот