Фото: Васка М. Младеновска

На трети август почнува изградбата на германскиот трговски синџир „Лидл“ во Битола

По неколку месечните подготовки, по продажбата на земјиштето, познатиот германски трговски синџир „Лидл“ доби одобрение за градба.

„Лидл Македонија“ супер маркетот во Битола кој ќе биде изграден на влезот од патот Прилеп-Битола, кај местото викано Дулие, градбата ќе ја започне на трети август.

Фото: Васка М. Младеновска

Овој објект ќе го гради градежната фирма „Карпош“ од Скопје. Проектот за трговскиот центар го изработи битолската фирма „Иванов инженеринг“.

Рокот за изградба на објектот е една година. Инаку, во непосредна близина на „Лидл“ во поодмината фаза на градба е уште еден трговски центар на познат битолски бизнисмен.

Фото: Васка М. Младеновска
Фото: Васка М. Младеновска

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот