
На Токсикологија нема ниедно дете жртва на „тик-ток“ парацетамол „предизвикот“
Од Клиниката за токсикологија нема ниедна пријава за дете што учествувало во тик-ток предизвикот со парацетамол, вели министерот за здравство Арбен Таравари. Како што претходно на социјалните мрежи аперлираше и алармираше доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, овој опасен предизвик е опасен и вклучува внесување на големи дози парацетамол. Според Беќаровски, труењата со парацетамол се меѓу најсмртоносните труења со лекови и дури и 10-15 таблети предизвикуваат оштетување на црниот дроб.
Препорачано
-Досега немаме информации од Клиниката за токсикологија дека некој од пациентите кои кои учествувале во „тик-ток“ предизвик, млади луѓе кои користат по 5-6 парацетамоли, дека се пријавени на Клиниката за токсикологија. Јас првпат ја слушам оваа информација бидејќи не ни користам „тик-ток“, коментираше министерот за здравство Арбен Таравари.
Беќаровски пак истакна, дека 20-40 таблети „парацетамол“ предизвикуваат сериозни труења и оштетувања на црниот дроб, а труењата со над 50 таблети многу често завршуваат со смрт, дури и при интензивно лекување.
Секоја година 30-50 проценти од акутните трансплантации на црниот дроб во САД и Европа се прават поради труења со овој лек. Затоа контролирајте ги вашите деца пред да ни се случи нова трагедија. Ако сепак се случи труење а не се поминати 2-4 часа веднаш дадете 10 таблети медицински јаглен и АЦЦ (2 кесички) и веднаш побарајте лекарска помош. Секундите некогаш значат спасен или изгубен млад живот, апелира доктор Беќаровски.
Пред десетина дена здравствените власти на кантоните Фрибург, Јура и Вауд во Швајцарија, го предупредија населението за ризиците од оваа практика. Аптеките се повикани да бидат повнимателни при продажбата на овој лек на младите луѓе, соопштија кантоните.