Фото: Инстаграм/alyshaburney

На само 25 години почина Алиша Барни, инфлуенсерка со милиони следбеници

Инфлуенсерката Алиша Барни, која доби милиони следбеници на Јутјуб и ТикТок благодарение на нејзините вирални пародии, почина во сон на 2 март додека беше на одмор во Кабо Сан Лукас, Мексико, потврди нејзиниот брат Чарлс. Таа имаше само 25 години.

„Со голема тага објавувам дека почина мојата помлада сестра Алиша Барни“, напиша Чарлс во изјавата објавена на Инстаграм. „Ве молиме да му дозволите на нашето семејство да тагува во ова тешко време“, додаде тој. Официјалната причина за смртта сѐ уште не е објавена.

Во својата објава, Чарлс решително ги отфрли сите неосновани гласини кои почнаа да се шират за околностите на смртта на неговата сестра.

„Исклучително е тешко да се гледаат сите овие лажни приказни кои се обидуваат да го оцрнат нејзиното наследство. Подготвени сме да преземеме правни мерки против секој кој продолжува да шири лажни информации за нејзината смрт“, додаде тој.

На крајот од пораката, Чарлс им се заблагодари на сите што покажаа поддршка во овој предизвикувачки период, нагласувајќи колку му е потребна приватност на неговото семејство додека тагува по Алиша.

„Знаеме колку луѓето ја сакаа и ценеа. Наскоро ќе споделиме повеќе информации, но ве молиме дајте ни малку време и престанете да го вознемирувате семејството“, заклучил тој.

Алиша ја започна својата кариера на Јутјуб во февруари 2013 година. Таа беше продуцент, режисер и комичар специјализиран за кратки скечеви, а нејзиниот канал собра повеќе од 1,2 милиони претплатници. Таа има повеќе од 2,4 милиони следбеници на TикТок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот