Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

На повидок револуција во францускиот фудбал: Се менува системот на натпреварување?

Францускиот фудбалски сојуз сериозно размислува за воведување нов формат во одредувањето на шампионот во Лига 1, пренесува угледниот „Л’Eкип“. Идејата е дел од поширок план за трансформација на францускиот професионален фудбал, кој предвидува и укинување на постојното тело ЛФП (Професионална фудбалска лига), кое моментално управува со Лига 1 и Лига 2, и воведување нов управен модел инспириран од Премиер лигата.

Целта на промената е да се врати неизвесноста и возбудата во трката за титулата, особено по доминацијата на Пари Сен Жермен, кој неодамна ја освои четвртата последователна шампионска титула.

На чело на работната група која го разгледува предлогот е претседателот на Тулуз, Дамиен Комоли. Според новиот модел, титулата во Лига 1 би се доделувала преку завршен турнир, т.н. „фајнл фор“. Првопласираниот тим би играл против четвртопласираниот во едно полуфинале, додека вториот и третиот би се сретнале во другото. Победниците од двата дуели би се соочиле во финалето кое би го одредило новиот шампион.

Сличен формат веќе се користи во женската Аркема Прва лига, и според највите новиот предлог веќе добил позитивни реакции од дел од клучните клубови во француската елита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот